Facebook повторно ја прифати Австралија за пријател

Објавено на 21.02.2021 во Новости



Facebook повторно ја прифати Австралија за пријател

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека технолошкиот гигант Facebook се врати на преговарачката маса, веднаш откако ги блокираше вестите во таа земја. 

Facebook условно не прифати повторно за пријател. Тоа што мене ме радува е фактот што Facebook се врати на масата“, вели Морисон.

Facebook официјално соопшти дека не го променил својот став со којшто се противи на законската одредба со која социјалните мрежи ќе мора да плаќаат за линковите што ги нудат за споделување на вестите. Австралија е првата земја што вовела таква одредба, а истата можност ја најави и Канада.