На YouTube за Android ќе има поддршка за 4K и да немате таков екран

Објавено на 21.02.2021 во Новости



На YouTube за Android ќе има поддршка за 4K и да немате таков екран

YouTube тестира нова функција со која на корисниците на мобилната апликација за Android ќе им овозможи поддршка за преглед на видеа со 4K HD резолуција дури и нивниот смартфон или таблет да нема екран кој има 4K HD резолуција.

Идејата е корисниците да може да гледаат 4K HD видеа при што квалитетот ќе биде за нијанса компресирен и нема да појавува проблеми како кочење или заматување на снимката.

Исто така поради подобриот квалитет на фрејмови по секунда и самите 4K HD ќе изгледаат подобро дури и со компромис во вистинската резолуција. 





Прочитајте повеќе: