Office 2021 доаѓа до крајот на годината, ама и со повисока цена

Објавено на 21.02.2021 во Новости



Office 2021 доаѓа до крајот на годината, ама и со повисока цена

Microsoft до крајот на годината ќе го лансира новиот пакет на апликации за уредување документи Office 2021 кој ќе има неколку подобрувања и нови функции.

Office 2021 ќе има поддршка за Dark Mode што од визуелен аспект може да биде корисно за многумина.

Сепак, лошите вести се дека комерцијалните корисници ќе треба да платат за 10% повисока претплата на Standard и Plus верзиите, а корисничката поддршка наместо 7 ќе се намали на 5 години.