LinkedIn развива нов сервис наменет за freelancer-и

Објавено на 22.02.2021 во Новости



LinkedIn развива нов сервис наменет за freelancer-и

Деловната социјална мрежа во сопственост на Microsoft, во втората половина на годината планира да лансира нов сервис наменет за freelancer-и. Се очекуваат услуги какви што нудат Fiver и Upwork , преку LinkedIn, кои во иднина ќе овозможат едноставно поврзување со лица и компании што веќе бараат одредени деловни услуги, како што е развој на софтвер, веб страница, графички дизајн, freelancer-и, итн.

Новиот LinkedIn Marketplace сервис очекува пораст на бројот на корисници и нови извори на приходи на пазарот во константен раст, кој добил нов замав со пандемијата. Во текот на минатата година така е забележан голем пораст на корисниците на LinkedIn, кои во своите профили напишале дека се open for business, а забележана е поголема понуда и побарувачка за различни freelance услуги меѓу корисниците на таа мрежа, особено во категориите како маркетингот, дизајнот, развој на софтвери и слично. 

Автор: Aleksandar Stankov