Google им плаќа 76 милиони долари на француските медиуми за авторски права

Објавено на 22.02.2021 во Новости



Google им плаќа 76 милиони долари на француските медиуми за авторски права

Google прифати за три години да плати 76 милиони долари на француските медиуми после долгогодишниот судир околу авторските права, покажуваат документи во сопственост на агенцијата Ројтерс.

Едниот документ вклучуваат рамка на договор во којшто пишува дека Google е спремен да плати 22 милиони долари годишно за 121 национални и локални француски медиуми, после што со нив поединечно треба да потпише договори. Вториот документ е спогодба според која Google прифатил да плати 10 милиони долари за истата група на медиуми во замена за откажување од сите сегашни и идни тужби околу авторските права во рок од следните три години, колку што трае договорот.