iPhone 13 Pro 5G рендери: 5G и ProMotion екран

Објавено на 22.02.2021 во Новости



iPhone 13 Pro 5G рендери: 5G и ProMotion екран

Изгледа дека Apple ќе ги задржи големините на екраните и кај новите модели: 5.4-инчен iPhone 13 mini, 6.1-инчен iPhone 13, 6.1-инчен iPhone 13 Pro, и 6.7-инчен iPhone 13 Pro Max. Apple наводно ќе ја стопира продукцијата на iPhone 12 mini поради слабата побарувачка.

Новите Pro модели од 13-та серија ќе бидат со 120Hz екран, со подобрено искуство и подобрени анимации. ProMotion екранот веќе го имаме кај iPad Pro моделот. Се очекува Apple да ја подобри камерата кај некои модели, а особено ќе биде ставено акцент за ноќното фотографирање. Portrait Mode видеото ќе биде подобрено и ќе им овозможи на корисниците да ја променат позадината со длабочината. Ултра-широките сензори на камерата ќе бидат исто така подобрени, преминувајќи од 5-леќи на 6-леќи.

5nm A15 Bionic процесорот ќе го имаме кај новите модели, а ќе има и моќни магнети, како дел од аксесоарите на MagSafe. Тие ќе бидат дел од MagSafe безжичното полнење на iPhone 13 Pro Max. iPhone 13 серијата доаѓа со прединсталиран iOS 15 и 5G технологија, во септември. LetsGoDigital ги објави рендерите со iPhone 13 Pro со Touch ID и Face ID.





Прочитајте повеќе: