Сега ќе може да пишувате SMS пораки и од Huawei Watch GT 2 Pro

Објавено на 22.02.2021 во Новости



Сега ќе може да пишувате SMS пораки и од Huawei Watch GT 2 Pro

Huawei го има еден од најквалитетните смарт часовници во моделот Huawei Watch GT 2 Pro, но се до неодамна корисниците преку него не можеа да испратат одговор или реакција на пристигнатите SMS пораки.

Сега на Huawei Watch GT 2 Pro ќе може да одговорат на SMS пораки преку новата апликација Mood Messenger која е придружна за смарт часовникот. Исто така треба Mood Messenger да ја поставите и на вашиот смартфон кој служи како главен уред за пристигнување на SMS или MMS пораки. 

Mood Messenger обезбедува однапред подготвени одговори или реакции за испраќање на SMS пораки на вашиот Huawei Watch GT 2 Pro смарт часовник и може да се инсталира преку Huawei AppGallery.