Samsung ја продолжи надградбата за Galaxy S20 FE 5G со OneUI 3.1

Објавено на 22.02.2021 во Новости



Samsung ја продолжи надградбата за Galaxy S20 FE 5G со OneUI 3.1

Samsung од неодамна ја започна надградбата со последната верзија на корисничкиот интерфејс OneUI 3.1 како одлична софтверска новина, и во оваа фаза ги опфати ланските модели. 

Во овој пакет беше опфатен и Galaxy S20 FE 5G како најевтин претставник на ланските премиум модели, но софтверската надградба беше привремено сопрена. Сега повторно Galaxy S20 FE 5G ја добива надградбата со OneUI 3.1 без никакви технички проблеми.

Софтверската надградба за Galaxy S20 FE 5G со OneUI 3.1 тежи околу 2 GB па затоа пред да ја инсталирате проверете дали имате доволна внатрешна меморија. Galaxy S20 FE 5G со OneUI 3.1 ќе добие повеќе новитети во приказот на брзите опции за менито, регулација на звукот, приказ на нотификации и повеќе подобрувања на перформансите, како генерално, така и во софтверот на камерата. 

Автор: Aleksandar Stankov