LG ќе лансира три модели на LG W41 серијата

Објавено на 22.02.2021 во Новости



LG ќе лансира три модели на LG W41 серијата

LG Mobile наскоро ќе лансира три нови модели од серијата на смартфони од средната висока класа LG W41 кои ќе имаат пристојни цени и квалитетни перформанси.

Серијата ќе биде составена од LG W41, LG W41 Plus и LG W41 Pro, заедничко ќе им биде дека ќе имаат 6,5 инчен HD Plus дисплеј и 8 мегапикселна селфи камера, четири сензори на главната камера, батерија со капацитет од 5000 mAh и Mediatek Helio G35 процесор.

Единствено ќе се разликуваат според капацитетите на RAM и ROM меморијата.