Motorola G100 се подготвува за глобален пласман

Објавено на 22.02.2021 во Новости



Motorola G100 се подготвува за глобален пласман

Motorola Mobility наверојатно наскоро ќе го лансира новиот квалитетен смартфон во високата класа Moto G100 кој ќе биде глобална верзија на веќе претставениот Moto Edge S кој е наменет за кинескиот пазар.

Moto G100 веќе ги направи првите бенчмарк тестови со кои се потврдува дека ќе работи со осум-јадрениот Snapdragon 870 процесор со поддршка за 5G мобилна конекција, ќе има 8 GB RAM и ќе пристигне со најновата верзија на оперативниот систем Android 11.