Google не сака да промаши со Pixel 5a

Објавено на 23.02.2021 во Новости



Google не сака да промаши со Pixel 5a

Google годинава нема да прави големи експерименти со понудата на поевтините модели во средната висока класа и навреме ќе го лансира новиот Pixel 5а за разлика од ланскиот Pixel 4a кој не доби доволно внимание.

Pixel 5a во поглед на дизајнот нема премногу да се разликува и ќе има целосна пластична маска. Подобрувањата кај Pixel 5a ќе бидат во делот на процесорот и меморијата.

За Pixel 5a засега е познато дека ќе има 6,2 инчен Full HD Plus OLED дисплеј, двојна главна камера и Android 11 оперативен систем.

Автор: Aleksandar Stankov