Критиките на Бил Гејтс ја уриваат вредноста на биткоинот

Објавено на 24.02.2021 во Новости



Критиките на Бил Гејтс ја уриваат вредноста на биткоинот

Бил Гејтс не е голем фан на криптовалутата биткоин за разлика од Илон Маск кој неодамна стана силен поддржувач и инвеститор.

Според третиот најбогат човек во светот, биткоинот предизвикува огромна потрошувачка на енергија што е лошо за животната средина.

Исто така Гејтс смета дека анонимноста на биткоинот овозможува криминални трансакции и сомнителни трансфери. Гејтс преку неговата фондација дава поддршка за развој на дигитални пари кои ќе имаат јасна сопственик, транспарентно трошење и институционална поддршка.

Вредноста на биткоинот откако достигна рекордна вредност од 58 илјади долари падна на 46 илјади долари.