Samsung Galaxy A02s е ценовно прифатлив смартфон
Објавено на 24.02.2021 во Новости
Samsung Galaxy A02s беше претставен од ноември, а веќе е достапен на одредени места. A02s е ценовно прифатлив уред со Android 10 оперативен систем. Неговата цена изнесува околу 9.000 денари.
Под хауба располага со 8-јадрен Qualcomm Snapdragon 450 процесор со 1.8GHz, и го има во две верзии - 3GB RAM + 32GB ROM и 4GB RAM + 64GB ROM меморија. Иако е евтин, моделот располага со огромен 6.5-инчен HD+ дисплеј, тројна задна камера од 13MP+2MP+2MP и масивна батерија од 5,000mAh.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.