LG Rollable е повторно ставен на пауза, можна е продажба на мобилната дивизија

Објавено на 24.02.2021 во Новости



LG Rollable е повторно ставен на пауза, можна е продажба на мобилната дивизија

Претставникот од LG за The Verge соопшти: „Со сигурност потврдувам дека било каква одлука за таков мобилен продукт во иднина е прекината“. За време на CES 2021, LG објави тизер за LG Rollable дека се очекува во март. 

Компанијата сега потврдува дека нема да има таков модел во блиска иднина. Јужнокорејската компанија потврди официјално дека го прекинува моделот и дека се преиспитува во врска со целата мобилна дивизија, вклучувајќи ја и нејзината целосна продажба. Потенцијални купувачи на компанијата се: виетнамскиот конгломерат VinGroup, Google, Facebook, и Volkswagen. Partner BOE бил исто така заинтересиран за преземање на брендот на LG.

Автор: Aleksandar Stankov