Наскоро Word и официјално ја добива функцијата за предвидување зборови

Објавено на 24.02.2021 во Новости



Наскоро Word и официјално ја добива функцијата за предвидување зборови

Microsoft во текот на март ќе ја официјализира надградбата на Word апликацијата за десктоп со која автоматски ќе се предвидуваат зборовите во реченицата за побрзо и полесно пишување.

Новитетот на Word во бета фаза се тестира веќе од септември, а половина од корисниците веќе дале инпут за функционалноста.

Предвидувањето на зборови ќе се базира на технологијата за учење на машините и со подолготрајно користење ќе нуди подобри и попрецизни резултати.

Оваа функција на Word ќе биде слична на Smart Compose на Google при пишување мејлови во Gmail или документи во Docs. За прифаќање на понудениот збор ќе се притиска Tab, а за одбивање на предложениот збор ќе се притиска Escape.