Потрошувачката на електрична енергија од мобилниот полнач

Објавено на 25.02.2021 во Новости



Потрошувачката на електрична енергија од мобилниот полнач

Сигурно сите се прашуваат колку трошат полначите за нашите смартфони, лаптопи и таблети. Обично сите велиме дека е незначително, што всушност и кога ќе го пресметаме изгледа така. Зависи кој како гледа на работите. Ќе заштедиме ли ако ги исклучуваме веднаш после полнењето?

Со мерен инструмент е извршена проверка за потрошувачката на полначите на смарт уредите. Кога биле вклучени седум полначи одеднаш, била регистрирана потрошувачка од 0,3W. Тоа значи дека ако останат вклучени после полнењето, трошат 2.628 kWh електрична енергија за 1 година. Поврзувајќи се со претходни истражувања, утврдено е дека град со 100.000 жители може да се напојува со електрична енергија 1 месец, само доколку сите полначи во светот се исклучат после полнењето на смарт уреди и лаптопи.

Полначите е најдобро да се исклучат, како од економска гледна точка, така и од аспект на безбедност, затоа што имаше многу случаи во минатото со експлозија на батеријата од смартфонот.

Автор: Aleksandar Stankov