Роверот Perseverance испрати неверојатни фотографии од панорамата на кратерот Jezero на Марс

Објавено на 25.02.2021 во Новости



Роверот Perseverance испрати неверојатни фотографии од панорамата на кратерот Jezero на Марс

НАСА во средата објави спектакуларна панорамска фотографија од Марс, која ја снимал Perseverance во областа каде што слетало роботското возило минатата недела. Фотографијата составена од неколку снимки креирани од возилото, го покажува работ на кратерот Jezero во кое имало длабоко езеро каде се вливала река пред 3,5 милијарди години.

Роверот креирал 142 снимки во 360 степени со помош на уреди со висока резолуција, монтирани на неговиот јарбол. Главната задача на Американската вселенска агенција е да пронајде траги од поранешен живот на Црвената планета, така што за 2 години би се собрале 30 примероци од карпи.

Камерите на Perseverance им помагаат на научниците да ја откријат геолошката историја и атмосферските услови во кратерот и да го утврдат составот на карпите и наслагите од кои ќе се донесат на Земјата и ќе се испитуваат за идната мисија во 2030 година. 





Прочитајте повеќе: