Што ќе понуди вселенскиот интернет на Маск?

Објавено на 25.02.2021 во Новости



Што ќе понуди вселенскиот интернет на Маск?

Илон Маск на Twitter се пофали дека вселенскиот интернет обезбеден преку сателитите Srarlink до крајот на оваа година ќе обезбеди двојна побрза конекција од 300 Mbps како и помала латентност од 20 ms.

Благодарение на мрежата на Starlink сателити ќе има покриеност и помалку населени рурални области каде интернет инфраструктурата на комерцијалните провајдери е послаба.

Корисниците ќе може да набават опрема од Starlink компанијата на Маск и ќе плаќаат месечна претплата која во тест фазата се движи до 99 долари.