Twitter најави големи промени - Ќе има наплата за содржини

Објавено на 26.02.2021 во Новости



Twitter најави големи промени - Ќе има наплата за содржини

Twitter сака во иднина да го зголеми бројот на корисници и да ги зголеми своите приходи. За таа цел мора да има промени, кои се најавени од страна на компанијата, што ќе означува и наплата на содржини. 

Самиот Twitter ќе остане бесплатен како и сите други социјални мрежи, но неговите корисници ќе добијат можност за заработка од содржините што ги објавуваат. Опцијата Super Follows така ќе им овозможи на корисниците со голем број на следбеници на Twitter да наплатат пристап кон одредена дополнителна содржина. Класичните твитови ќе останат бесплатни, а за одредена претплата месечно околу 5 долари за корисниците ќе бидат достапни дополнителни твитови, бонус материјали, претплата на newsletter, пристап кон дополнителни групи, и друго.