Ситуацијата се нормализира: Facebook, Messenger и Instagram се враќаат во живот
Објавено на 26.02.2021 во Новости
Корисниците на Facebook, Messenger и Instagram не можеа да испраќаат и да примаат повици и пораки, но ситуацијата се нормализира. Се уште нема одговор зошто корисниците не можеа да одговорат на пораките и повиците на платформите на Facebook.
Околу 16 часа корисниците забележија проблеми во користењето на Facebook Messenger. Пораката изгледаше како да е испратена, но примателот не ја примил или Messenger јавувал дека нема поврзаност со интернет.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.