Apple ќе се потпре на Samsung за 5G модемот на iPhone 13

Објавено на 26.02.2021 во Новости



Apple ќе се потпре на Samsung за 5G модемот на iPhone 13

Apple по тешкиот спор кој го имаше со Qualcomm донесе одлука во иднина сам да работи на развојот на мобилен модем за 5G конекција за iPhone смартфоните, но додека стигне до сопствено производство ќе се потпира на надворешни партнери.

Оваа година Apple ја довери задачата на Samsung кој ќе го обезбеди X60 5G модемот, а за неговото производство е задолжен Qualcomm. Да потсетиме дека Apple му плати 4,5 милијарди долари на Qualcomm за да ги прекинат сите судски спорови како и да се обезбеди понатамошна соработка.

Предноста на годинешниот iPhone 13 е што ќе го користи X60 5G модемот за 5G мобилна конекција изработен од Samsung со 5nm процес кој е многу поефикасен и троши помалку енергија од батеријата. 

Во 2023 година Apple ќе ги лансира првите iPhone смартфони кои ќе имаат сопствен развиен 5G модем, а прашање е само на кој бренд ќе му биде доверено да го произведе сериски овој важен дел за мобилниот бизнис на гигантот од Купертино за што се вложени неколку милијарди долари, вклучувајќи ја и инквизицијата од 1 милијарди во мобилната дивизија за чипсети на Intel.





Прочитајте повеќе: