Perseverance однесе 11 милиони имиња на Марс

Објавено на 27.02.2021 во Новости



Perseverance однесе 11 милиони имиња на Марс

Perseverance собра 11 милиони потписи од планетата Земја и ги однесе минатата недела на планетата Марс. Сите имиња се запишани во три силициумски чипови вградени во роверот. Нивната големина е колку еден нокт, а имињата се запишани со електронска технологија за пишување букви потенки од човечко влакно.

Имињата на 10.932.295 луѓе од 250 различни земји се испратени на Марс со Perseverance. Тие што ги запишале своите имиња, соодветно добиле и известување на електронска пошта дека стигнале до Марс. Ако сакате да се запишете на следната мисија на НАСА до Марс, може да се пријавите на овој линк. Од Македонија досега се пријавиле 3.000 луѓе, а вкупно има пријавео над 8 милиони имиња.





Прочитајте повеќе: