Huawei AppGallery надмина половина милијарда корисници

Објавено на 01.03.2021 во Новости



Huawei AppGallery надмина половина милијарда корисници

Huawei се повеќе докажува дека може да се справи и без пристап до апликациите во Play Store со сервисите на Google додека трае забраната од американската администрација иницирана од Трамп.

Тоа се покажува со најновите статистички податоци кои откриваат дека Huawei AppGallery во краткото време откако постои успеа да надмине половина милијарда корисници. 

Ричард Ју главниот директор на Huawei кој ги презентираше податоците исто така откри дека веќе има над 2 милиони регистрирани девелопери кои работат на развој на нови апликации за AppGallery.

Автор: Aleksandar Stankov