Deep Nostalgia алатка за анимирање на историски слики

Објавено на 01.03.2021 во Новости



Deep Nostalgia алатка за анимирање на историски слики

Благодарение на Deep Learning технологијата, излезена е Deep Nostalgia опција на страницата за генеалогија MyHeritage. Така може да се оживеат старите слики од нашите дедовци и баби. Твитерџиите веднаш направија анимација со Гоце Делчев, која може да ја погледнете на овој линк.

Со новата технологија со вештачка интелигенција автоматски се анимираат лицата на фотографиите, која е бесплатна да ја пробате. Лицето дефинитивно изгледа реално, како ликот да е жив.