Twitter воведува Safety mode - Заштита на корисниците или нова цензура?

Објавено на 02.03.2021 во Новости



Twitter воведува Safety mode - Заштита на корисниците или нова цензура?

Twitter наскоро ќе воведе нова функција наречена Safety Mode која на корисниците ќе им овозможи да спречат покажување на содржини кои имаат навредливи и токсични изјави. Првичната идеја е корисниците сами да креираат сопствена заедница со истомисленици, наместо да бида изложени постојано на профили кои спамираат или тролаат.

Twitter и самиот ќе делува како „филтер“ односно ќе ја ограничи видливоста на профили и страни кои промовираат токсични содржини и делуваат негативно, па така и корисниците на Safety Mode нема да бидат изложени.

Од друга страна веќе постојат дилеми дали оваа функција на Twitter ќе биде искористена за цензура на политички неистомисленици. Ограничувањето на слободата на говор, вклучувајќи го и политичкиот говор може да биде опасна бидејќи не мора секој да се сложува со нечие мислење, став или агенда, но мора да постои контакт со различните политички и социјални групи, без оглед на големата поларизираност бидејќи вака постои опасност од креирање на „меури“ каде сите се во контакт само со истомислениците.