iPhone Fold доаѓа на крајот на 2021 со Apple Pencil

Објавено на 02.03.2021 во Новости



iPhone Fold доаѓа на крајот на 2021 со Apple Pencil

Веќе знаеме дека Apple работи на преклопниот iPhone за 2021 година, кој би можел да се нарекува iPhone Fold или iPhone Flip. Apple наводно се спрема да го лансира новиот преклопен смартфон на крајот на 2021 година, или пак почетокот на 2022 година.

Минг-Чи Куо очекува 8-инчен преклопен iPhone да биде лансиран во 2023 година. Исто како Galaxy Z Flip, новиот iPhone ќе биде со нормална големина кога ќе биде затворен, или со големина на таблет кога ќе се расклопи. Дизајнот би требало да биде тенок колку на iPhone 6. Се очекува да има и поддршка за Apple Pencil, за поленсо ракување со уредот.

Автор: Aleksandar Stankov