FDA најави зелено светло за уште една вакцина што спречува тешки облици на COVID-19

Објавено на 02.03.2021 во Новости



FDA најави зелено светло за уште една вакцина што спречува тешки облици на COVID-19

Американските регулатори во петокот рекоа дека се очекува брзо одобрување на вакцината на фармацевтската компанија Johnson & Johnson за итна употреба, откако надворешните советници во петокот ја поддржале таа вакцина што се дава во една доза.

Управата за храна и лекови (FDA) може уште оваа сабота да даде зелено светло за Johnson & Johnson, со што би станала третата одобрена вакцина во САД, после Pfizer и Moderna. Тоа е единствената вакцина што може да се дава само во една доза. J&J објави дека следната недела може да достави од 3 до 4 милиони дози, а се очекува да има доволно за да вакцинира 20 милиони луѓе до крајот на март.