Samsung е глобален производител број 1 во последните 15 години

Објавено на 02.03.2021 во Новости



Samsung е глобален производител број 1 во последните 15 години

Samsung Electronics е на врвот на глобалниот ТВ пазар во последните 15 години, според компанијата за истражување на пазарот, Omdia. Според најновите информации, Samsung Electronics е со учество од 31.8% на глобалниот телевизиски пазар според приходи во Q4 2020, кој беше со 31.9% учество на ТВ пазарот во 2020 година, соодветно.

„Корисниците користат екрани секој ден за да се забавуваат, да се поврзаат со оние што ги сакаат, работат, вежбаат од дома и многу повеќе. Сфативме дека имаме многу различен начин на живеење и рутина, кои се обединија“, соопшти Јонг-хее Хан, претседателот на Visual Display Business во Samsung Electronics

Гледајќи назар во последните 15 години, led-иновацијата на Samsung навлезе во сите технологии и во многу категории, опфакајќи различни категории на корисници. Во 2021, Samsung прогнозира дека ќе остане лидер во својата индустрија со проширување на своите продукти. Тоа ја вклучува новата Samsung Neo QLED серија со Samsung MICRO LED, Lifestyle TV и други програми. Во следните години Samsung ќе продолжи да инвестира во R&D и клучните бизнис области за да ја зајакне својата позиција и да се издигне уште повеќе.