Samsung Galaxy A52 5G: Главен сензор од 64MP и 4500mAh батерија

Објавено на 03.03.2021 во Новости



Samsung Galaxy A52 5G: Главен сензор од 64MP и 4500mAh батерија

После Galaxy A51 серијата, на ред доаѓа A52 5G. За двата телефона Samsung ќе има месечна софтверска надградба за нови алатки, подобрување на безбедноста, и отстранување на багови. 

A52 ќе биде на повисоко ниво од неговиот претходник, кој доаѓа со четворна камера со 64MP главна камера и мали пиксели од 0.8 микрони, како и 12MP ултраширока леќа (123°, 1.12 µm), една 5MP макро камера (78°, 1.12 µm), и 5MP сензор за длабочина (85°, 1.12 µm), кој може да биде употреблив за портретни слики и слично.

4G LTE верзијата ќе биде 369 евра, или 449 евра моделот A52 5G, кој ќе биде и со 6GB RAM/128GB ROM меморија. Освен тоа, ќе биде и со 4500mAh батерија, со сертификат за водоотпорност.