Првиот хотел во вселената ќе се отвори во 2027

Објавено на 03.03.2021 во Новости



Првиот хотел во вселената ќе се отвори во 2027

Voyager Station е новиот проект со кој што се предвидува изградба во ниската орбита околу Земјата во 2025 година, најавен уште од 2019 година од Орбиталната корпорација (OAC) и Фондацијата Гејтвеј.

Се уште немаме детали околу сметките и трошоците за изградба, само е познато дека ќе се користат ракетите на Илон Маск - Falcon 9. Фондацијата е официјално отворена за приватни инвеститори, кои до 1 април може да купат удел во компанијата за 0,25 долари за акција.

Ова ќе биде првиот хотел во вселената, со ресторани, кина за гледање филмови и капацитет за сместување на 400 луѓе. Отварањето на хотелот се очекува да биде во 2027 година.