Сите 270 американски продавници на Apple се отворени

Објавено на 03.03.2021 во Новости



Сите 270 американски продавници на Apple се отворени

Apple има многу нешта за славење, iPhone 12 серијата беше на прво место по продажба во минатиот квартал, а Apple iPhone 11 беше најпопуларниот телефон во светот минатата година. CNBC соопштува дека сите Apple Store продавници во САД се сега отворени. 

Apple направи реотварање на сите свои продавници, што беа затворени поради коронавирусот. Apple сепак не им дозволува лесен пристап на корисниците, едноставно да влезат во продавницата. Одредени услуги, како што се купување, мора прво да се закажат, во зависност од тоа во која продавница одите. Компанијата прво ви сугерира да одите на веб страницата за Apple Stores, за да проверите како функционираат. www.apple.com/retail