Јапонски милијардер повикува 8 среќници да му се придружат на приватен лет околу Месечината

Објавено на 03.03.2021 во Новости



Јапонски милијардер повикува 8 среќници да му се придружат на приватен лет околу Месечината

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава објави дека на пат околу Месечината ќе тргне во друштво на било кој, случајно одбрани луѓе, кои може да се пријават на овој линк. „Ќе има вкупно 10-12 луѓе, но ќе повикам 8 луѓе да ми се придружат на тој пат“, вели Маезава во видеото објавено во вторникот.

Маезава е основач на најголемата интернет продавница за мода во Јапонија, кој тежи околу 2 милијарди долари. Во 2018 година стана официјално првиот патник на Starship на летот околу Месечината, што го соопшти и самиот шеф на SpaceX, Илон Маск, за време на настанот во седиштето на компанијата во Калифорнија. Маезава на пат околу Месечината ќе полета во 2023 година, а патот ќе трае дури 6 дена.