Starship ракетата на SpaceX совршено слета и спектакуларно експлодирала

Објавено на 04.03.2021 во Новости



Starship ракетата на SpaceX совршено слета и спектакуларно експлодирала

Тестниот лет на прототипот на ракетата Starship, со која Маск планира да патува до Месечината, дури и до Марс, е изведен точно така како што е планиран. Ракетата полетала од местото на лансирање, ја достигна бараната височина и совршено се спушти. 

Со тоа SpaceX го одработи тестот и го направи првото околно спуштање на ракетата Starship. Меѓутоа, големиот успех потраја неколку секунди. Само што го допре местото за слетување, ракетата нагло почна да се настранува на едната страна, а 8 минути подоцна, ракетата спектакуларно експлодирала.