Whatsapp ќе овозможи автоматско уништување на испратените фотки?

Објавено на 04.03.2021 во Новости



Whatsapp ќе овозможи автоматско уништување на испратените фотки?

Whatsapp тестира нова функција со која треба да се овозможи автоматско уништување на испратените фотки во чат со контактите.

Засега плстфмпрата и покрај целата енкрипција овозможува сите испратени слики автоматски да се симнуваат и зачувуваат во фолдерот на корисникот. 

Целта е покрај автоматски уништување на испратените пораки да има иста функција и за испратените слики, па така штом излезете од прозорецот за разговор примената слика повеќе да не биде достапна и да се избрише, како и да не се симнува на смартфонот.

Оваа функција Snapchat ја има со години и токму таа се смета за носечка на апликацијата која привлекуваше многу млади корисници.

Засега разликата е што WhatsApp се уште не може да спречи некој да направи скриншот или скринрекорд од разговорот и испратените пораки ниту пак ќе ви испрати такво известување како што прави Snapchat.

Автор: Aleksandar Stankov