Nintendo Switch Pro пристигнува со 7-инчен OLED дисплеј и 4K
Објавено на 04.03.2021 во Новости
Nintendo продал околу 80 милиони парчиња од Switch од 2017 година, а годинава се планира следната генерација на Switch, кој ќе се нарекува Switch Pro. Конзолата ќе биде со 7-инчен OLED екран и капацитет за 4K резолуција.
„Со Nintendo Switch ја започнуваме четвртата година, ситуацијата е малку поинаква од другите домашни конзоли што ги понудивме во минатото“, соопштува претседателот на Nintendo, Шунтаро Фурукава.
Оригиналниот Switch располага со 6.2-инчен LCD екран, а Switch Lite е со 5.5-инчен дисплеј, што значи дека сега OLED панелот треба да биде поголем. OLED технологијата ќе ја штеди батеријата.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.