Samsung партнерски со Mastercard развива платежни картички со скенер за отпечатоци

Објавено на 05.03.2021 во Новости



Samsung партнерски со Mastercard развива платежни картички со скенер за отпечатоци

Samsung и Mastercard направиле партнерски договор за развој на платежна картичка со автентификација преку отпечатоци. Тоа ќе биде физичка картичка со вграден скенер за отпечатоци на прсти. 

Со оваа иновација ќе се зголеми безбедноста за бесконтактно плаќање и ќе им овозможи дополнително ниво на безбедност на корисниците. Картичката функционира на сите ПОС терминали со поддршка за Mastercard. Кога купувате како корисник го користите својот отпечаток, без потреба од внесување на ПИН, со цел да извршите плаќање.