Ричи Пенг: Изградба на оптимални 5G мрежи со одржливи иновации

Објавено на 05.03.2021 во Новости



Ричи Пенг: Изградба на оптимални 5G мрежи со одржливи иновации

На конференцијата за медиуми на Huawei, во рамките на MWC 2021 саемот во Шангај, Ричи Пенг, Претседател на 5G линијата производи на Huawei одржа воведен говор наречен „Изградба на оптимални 5G мрежи со одржливи иновации“.

Две години по комерцијалното усвојување на 5G, мобилните услуги го одржуваат силниот моментум, а на мобилната индустрија и се нудат многу нови, огромни можности. Huawei ја предложи „1+N“ 5G стратегијата на целни мрежи за да оствари достигнувања, што ќе им користат на сите страни преку одржливата иновација и соработка со клиентите. Пенг потенцираше дека „Huawei ќе соработува со индустриските партнери за да открие како да се обезбеди ултимативно корисничко искуство во секое време и насекаде со 1+N 5G мрежата“

5G технологијата се развива над очекувањата
Предвидувањата за поставување на 5G мрежата направени пред една година, станаа реалност. Бројот на 5G корисници на глобално ниво достигна 200 милиони, а ширум светот се изградени 800.000 5G локации. Севкупното корисничко искуство е подобрено за повеќе од десет пати, а 5G терминалите на почетно ниво се веќе достапни по цена од само 350 долари. Постојат бројни фактори кои го покренуваат брзиот раст на 5G мрежите низ индустрискиот синџир, посебно одржливата иновација од телеком операторите во услугите;  продавачите на уреди во формите на производи и нови апликации; и снабдувачите на системска опрема во системите, алгоритмите и решенијата; како и индустриските купувачи во вертикалните апликации.

Успехот на мрежата во Кина се припишува на скалираното поставување на Massive MIMO на TDD средните опсези кои пружаат голема пропусност, низ која 5G мрежите можат да обезбедат огромен капацитет и да обезбедат континуирано покривање. Примената на 5G поедноставените локации им помага на операторите надвор од Кина брзо да ги распоредат 5G Massive MIMO на локациите што немаат доволно простор за нови антени. Иновативните 5G производи и решенија од среден опсег на Huawei им помагаат на операторите да обезбедат висококвалитетни 5G мрежни услуги, како што покажаа независните тестови спроведени во Јужна Кореја, Германија, Австрија, Саудиска Арабија и други земји и региони. Во текот на тестовите, дури и ако операторите немаат предност во спектарот, нивното корисничко искуство и натаму води со 10 до 50 проценти со истите 5G уреди.

Целната „1+N“ 5G мрежа ориентирана кон иднината ја отелотворува иновацијата во сите фреквентни опсези и сценарија, обезбедувајќи поедноставени 5G мрежи кои се изградени на една основа со широк опсег и можат да ги поддржат N можностите по потреба. Huawei разви иновативни 5G производи и решенија за да ја претвори оваа визија во реалност. Двопојасниот FDD Massive MIMO значително го подобрува мрежниот капацитет во споредба со 4T4R и поддржува примена на сериско инженерството. Blade Pro, решение за ултраширокопојасен интернет, вклучува три ниски или средни фреквентни опсези во еден модул, поедноставувајќи ја примената додека го подобрува користењето на фрагментирани спектри и постигнувајќи поголема енергетска ефикасност преку поделба на моќноста. Easy Macro 3.0 и Book RRU 3.0, кои се двопојасни решенија на пол локации, поддржуваат иновативни комбинации на фреквентниот опсег, како што се FDD+FDD и TDD+SUL, додавајќи флексибилност при пополнување на дупките за покривање во внатрешните и надворешни сценарија. Што се однесува до Super Uplink (SUL) решението, Huawei прв пат предложи комбинација од TDD и FDD спектрите во 2017 година, за да ја подобри покриеноста на рабовите на ќелијата. Во 2019 година, SUL решението четирикратно го подобри uplink искуството. Во 2020 година, за да се обезбедат ултрависоки uplink пропусни опсези, потребни за индустриските апликации, SUL решението, со својот спектар на широкопојасен спектрум, достигна гигабит способност на uplink врската.

Соочувајќи се со претстојната златна деценија на 5G, Huawei и натаму ќе иновира во целната „1+N“ мрежа за да изгради мрежа со висок пропусен опсег, која континуирано ја покрива мрежата поддржана од Massive MIMO. Во 2021 година, Huawei ќе продолжи да обезбедува и подобрени Massive MIMO и BladeAAU Pro, како и ултра-широкопојасни FDD Massive MIMO производи. Што се однесува до подобрените N можности, Huawei има за цел да обезбеди ултра-широкопојасни, мулти-секторски и мулти-фреквентни решенија за да им помогне на операторите да го поедностават воведувањето на 5G мрежата. Во однос на автоматизацијата на мрежата, Huawei има за цел да овозможи соодветни решенија за 5GtoH и 5GtoB пазарите, истовремено консолидирајќи ја својата позиција на toC пазарот, помагајќи им на операторите во целост да ги реализираат 5G мулти-димензионалните можности и да овозможат дигитална надградба на различните индустрии.