Уред на Марс ќе произведува кислород, а ќе апсорбира јаглероден диоксид
Објавено на 06.03.2021 во Новости
Perseverance роверот има уред што создава кислород и апсорбира јаглероден диоксид на Марс. Целта на овој уред е да се докаже дека може да функционира на Марс и дека може да создаде услови за живот.
Експерименталниот „МОКСИ“ уред (англ. MOXIE - Mars оxygen in-situ resource utilization experiment) функционира како еден вид на софистицирано дрво, испушта кислород и прима јаглерод диоксид од атмосферата на Марс, која е за 100 пати поретка од Земјината атмосфера, речиси целосно составена од јаглерод диоксид.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.