Претставен е електричниот ѕвер Taycan Cross Turismo

Објавено на 06.03.2021 во Новости



Претставен е електричниот ѕвер Taycan Cross Turismo

После моделот Taycan, Porsche го напаѓа пазарот на спортски електрични автомобили со Taycan Cross Turismo. Оливер Блум од од Porsche после презентирањето на новото возило тврди дека до 2025 година половина од возилата ќе бидат со електричен погон.

„Иднината и припаѓа на електричната мобилност. Со Taycan Cross Turismo, направивме уште еден чекор кон таа насока“, додава Блум.

Porsche претстави дури четири верзии од истата серија на автомобили, чија продажба започнува во текот на летото со почетна цена од 90.000 долари. Сите четири верзии се исклучително моќни со погон на сите четири тркала, максимална брзина до 220 km/h и екстремно забрзување до 100 km/h.