Apple Watch доминира меѓу смарт часовниците

Објавено на 07.03.2021 во Новости



Apple Watch доминира меѓу смарт часовниците

Apple и натаму е најдоминантен бренд во светот според бројот на продадени смарт часовници и неодамна ја надмина бројката од испорачани 100 милиони модели на Apple Watch.

Без големи проблеми во последниот квартал од изминатата година Apple успеал да испорача вкупно 33,9 милиони Apple Watch смарт часовници, тројно повеќе од најблиските конкуренти.

Според последните податоци на Counterpoint растот на Apple за кварталот на годишно ниво изнесува 19%. Вкупно пазарното учество на Apple Watch изнесува 41,5%.

Добар раст на годишно ниво постигнал Huawei од 29%. Во четвртиот квартал од 2020 успеал да продаде 11,1 милион смарт часовници за вкупно пазарно учество од 8% доволно за трето место севкупно.

Samsung е вториот најголем бренд со смарт часовници со 10% пазарно учество. Во последниот квартал според статистиките успеал да испорача 9,1 милион модели што е практично идентично како и годината претходно без особен раст.