Apple iPhone 11 пронајден на дно на езеро, функционира без проблем!

Објавено на 07.03.2021 во Новости



Apple iPhone 11 пронајден на дно на езеро, функционира без проблем!

Apple iPhone поминал дури 6 месеци во езеро во Британска Колумбија пред да го спаси нуркачот. Се разбира, чесниот пронаоѓач го вратил уредот на неговиот сопственик во совршена состојба. Според CBC, влажниот уред бил пронајден од Клејтон Хелкенберг и неговата сопруга Хедер. 

Двајцата уживаат да нуркаат на дното на езерата и да бараат изгубени предмети, кои подоцна ги чистат. Клејтон претходно пронајдел и преклопен смартфон на дното на езерото, додека Хедер го нашла iPhone 11. Фатиме Годси го испуштила ненамерно телефонот во езерото, а властите и одговориле дека е невозможно да се најде телефонот во толку длабока вода.

Фатиме купила нов телефон, но без слики и контакти и никакви содржини што ги имала на својот телефон. Клејтон ја извадил СИМ картичката и ја приклучил на друг уред, па така ја известил Фатиме дека телефонот и е пронајден. Хелкенберг фамилијата не побарала ниту пени за телефонот.

Автор: Aleksandar Stankov