Nintendo Wii U иако влегува во првата деценија добива нова надградба

Објавено на 07.03.2021 во Новости



Nintendo Wii U иако влегува во првата деценија добива нова надградба

Nintendo не се откажува така лесно од една од најпопуларните видео конзоли Nintendo Wii U која иако се ближи кон една деценија на пазарот и натаму добива поддршка за корисниците.

Nintendo Wii U добива нова софтверска надградба со верзијата 5.5.5 со која ќе има поголема стабилност и повеќе подобрувања на перформансите.

Засега јапонската компанија не открива кои се точните детали на надградбата но, се очекува таа да биде поврзана со поддршка за наслови со поголеми графички перформанси.