Huawei P50 доаѓа во април, но во ограничени количини

Објавено на 08.03.2021 во Новости



Huawei P50 доаѓа во април, но во ограничени количини

Huawei најверојатно на 17 април официјално ќе ја претстави новата серија на премиум смартфони Huawei P50, но овие модели за почеток ќе бидат достапни само во ограничени количини.

Главната причина лежи во недостигот на Kirin 9000 процесорот поради немање на американски добавувачи на клучни компоненти. Како што е добро познато веќе долго време американските производители на чипсети имаат забрана за соработка со Huawei.

Huawei се посвети целосно на развој и производство на сопствен процес од Kirin серијата, но тоа решение ќе го има најверојатно подоцна во текот на годината.

Основниот модел Huawei P50 ќе работи со 5nm осум-јадрен Kirin 9000E процесор и Pro моделите со Kirin 9000 процесорот кои се разликуваат за нијанса во HPU решенијата.