Откривањето на следниот 5G таблет на Huawei е за неколку недели!?

Објавено на 08.03.2021 во Новости



Откривањето на следниот 5G таблет на Huawei е за неколку недели!?

Huawei се уште официјално не објавил, но се повеќе се зборува дека следната предводничка серија за 2021 година пристигнува на 17 април: P50, P50 Pro, и P50 Pro+, за што претходно пишувавме. Освен трите модела од P50 серијата, Huawei се очекува да го претстави MatePad Pro 2 5G таблетот, кој ќе биде следниот таблет предводник на компанијата со Kirin 9000 процесор со PadOS, кој ќе се базира на HarmonyOS оперативниот систем на Huawei. 

Се очекуваат два различни модела, едниот со 12.2-инчен дисплеј и другиот со 12.6-инчен екран на Samsung. Двата имаат екран од 120Hz, што го апдејтува екранот по 120 пати во секунда, што значи дека ќе имате лесно ракување со уредот. Се очекува батерија поголема од 7250mAh, 40W брзо полнење, четири звучници, и 5G конекција.