Twitter воведува топ функција, но дали ќе биде бесплатна?

Објавено на 08.03.2021 во Новости



Twitter воведува топ функција, но дали ќе биде бесплатна?

Twitter тестира нова функција која на корисниците ќе им овозможи да избришат порака која не треба да ја испратат или ако веќе се предомислиле.

Со новата функција корисниците ќе добијат известувања дека пораката во DM е испратена, а ќе имаат на располагање кратко време доколку се предомислат по што ќе може да кликнат undo send и на тој начин пораката нема да стигне до примачот.

Тоа што засега е непознато е дали оваа опција ќе биде дел од стандардната верзија на апликацијата или пак ќе биде дел од премиум сервисот на Twitter кој ќе се базира на претплата.