Oppo ги искористи санкциите врз Huawei за број еден во Кина

Објавено на 09.03.2021 во Новости



Oppo ги искористи санкциите врз Huawei за број еден во Кина

Oppo за прв пат успеа да избие на првото место според бројот на продадени смартфони за месец јануари на домашно тло во Кина и тоа најмногу поради ограничениот број на количини кои Huawei можеше да ги лансира овој период.

Oppo завзема 21% пазарен удел во Кина или за еден процент повеќе од Huawei кој падна на второто место бидејќи има недостиг на компоненти од американските партнери поради санкциите кои забрануваат меѓусебна соработка и размена на технологија.

Huawei исто така има намален волумен на продажба откако се издвои посебно брендот Honor кој сега д дел од конкуренцијата и има одлична база во основната и средната класа.

Huawei во овој период се обиде да се фокусира на премиум сегментот и да ги консолидира овие приходи кои се позначајни отколку продажба на милиони евтини смартфони како и да се потпре целосно на сопствени сили за развој и производство на компоненти кои ќе овозможат самоодржливост на компанијата на долг рок.

Oppo пак, како дел од BBK групацијата успеа да го зголеми пазарниот удел на годишно ниво од над 20% што е добар показател за нивната нова серија на Oppo Reno 5 смартфони на кинескиот пазар.

Xiaomi и Apple се следни на листата за меден јануари во Кина со 16% пазарно учество.

Автор: Aleksandar Stankov