Huawei лансира глобална програма за жени девелопери

Објавено на 09.03.2021 во Новости



Huawei лансира глобална програма за жени девелопери

Huawei стартуваше со своја програма Women Developers (HWD), чија цел е да ги поттикне жените девелопери за креирање на апликации и алатки што може да го променат светот. Програмата е наменета кон поттикнување на поголем број на жени да се вклучат во развојот на технолошките иновации, овозможувајќи им на учесниците повеќе можности и платформа за развој на кариерата и оспособувањето.

Huawei смета дека во дигиталната ера мора да се овозможат повеќе шанси и поддршка за жените, со цел да имаат пристап кон образованието што им е потребно за да бидат конкурентни во дигиталната економија. Се покажа дека учењето на овие вештини ја поттикнува социјалната интеграција.

Секоја жена девелопер може да се регистрира и да се придружи на програмата на официјалната веб страница Huawei Developers