Huawei P50 ќе биде првиот уред со свој HarmonyOS

Објавено на 09.03.2021 во Новости



Huawei P50 ќе биде првиот уред со свој HarmonyOS

Huawei P50 ќе биде првиот уред што функционира со HarmonyOS, beta 2 тестирањето на новиот оперативен систем помина, а сега е веќе на beta 3 верзија. Наводно, тестирањето се покажало како успешно и тоа би можело да направи наскоро да имаме целосно нов оперативен систем од Huawei.

Huawei P50 ќе биде првиот смартфон со целосно нов HarmonyOS оперативен систем, кој ќе располага со нов IMX800 1-инчен сензор од Sony и Kirin 9000 процесор. Новиот предводник се очекува да пристигне пролетта, при што P-серијата е најважниот предводник за Huawei, додека местењето кон HarmonyOS имплицира дека компанијата има доверба во новиот софтвер.

Според Huawei, HarmonyOS е целосно реализиран оперативен систем, отворен за девелопери и спремен да излезе на виделина. Планирани се 300-400 милиони уреди да се покријат годинава со новиот софтвер.