Google планира летно лансирање на Pixel 5a

Објавено на 09.03.2021 во Новости



Google планира летно лансирање на Pixel 5a

Google најверојатно планира летно лансирање на новиот квалитетен буџет смартфон Pixel 5a, што ќе му даде доволно месеци пред да го пушти во употреба премиум моделот Pixel 6 од следната генерација.

Според новите шпекулации Pixel 5a би можело да биде претставен на 11 јуни со неколку подобрувања во однос на ланскиот Pixel 4a.

Досега нема многу детали за Pixel 5a освен дека ќе чини околу 300 долари, ќе понуди 6,2 инчен Full HD Plus OLED дисплеј, ќе има осум-јадрен Snapdragon процесор со 5G поддршка од класата 700, ќе има камера со повеќе сензори и брзина на полнење на батеријата од 18w.