И Бајден во акција против хакерите кои го нападнаа Microsoft Exchange

Објавено на 09.03.2021 во Новости



И Бајден во акција против хакерите кои го нападнаа Microsoft Exchange

Американскиот претседател Џо Бајден ќе формира специјален тим за справување со хакерите кои извршија серија на напади на серверите на Microsoft Exchange и успеаја да пробијат голем број на податоци.

Нападите кои се регистрирани уште во текот на јануари таргетирале пред се организации и канцеларии во САД, а помалку во Европа но, како жртви се пријавија и Европската банкарска регулаторна комисија.

Microsoft лансираше и итна надградба на пропустите во Exchange каде како жртви на хакерите веќе се забележани 30 илјади корисници. Нападите се лоцира во Кина, а алатките кои ги користеле напаѓачите биле исклучително софистицирани иако потоа самата процедура за пробивање била многу поедноставно изведена па не е исклучено да има групи од повеќе локации кои биле дел од нападите.